Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека украинските власти го увериле дека нема да ги користат системите за оружје со голем дострел обезбедени од Вашингтон против цели на руска територија.

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нова испорака на ракетни системи за Украина што можат прецизно да погодат цели на оддалеченост до 80 километри во рамките на пакетот оружје вреден 700 милиони долари што беше претставен денеска.

Претходно денеска Москва негативно го оцени новиот пакет американска воена помош за Украина.