Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска треба да разговараат со претставници на Катар за ситуацијата во Авганистан и можната хуманитарна криза, која ќе бара мобилизација на меѓународната заедница.

По Катар, Блинкен ќе ја посети воената база Рамштајн во Германија, каде што се наоѓаат неколку илјади евакуирани Авганистанци.

Блинкен ќе биде копретседавач на виртуелната средба за Авганистан заедно со неговиот германски колега Хајко Мас.

Остин, пак, по Катар, ќе ги посети Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија.

Катар стана клучен играч за авганистанското прашање, во улога на неутрален и влијателен посредник.

Земјата започна преговори со талибанците во 2013 година, на барање на тогашниот американски претседател Барак Обама.

Потоа ги поздрави преговорите завршени во 2020 година меѓу САД за време на Доналд Трамп и талибанците.

Катар прими повеќе од 55.000 авганистански бегалци, од кои многумина се сместени во американска база во земјата