Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска отпатува во Саудиска Арабија во мисија да ги зајакне односите на Вашингтон со Ријад по долгогодишни продлабочени несогласувања за низа прашања, од Иран и регионалната безбедност до цените на нафтата.

За време на неговиот престој во Ријад, главниот град и крајбрежниот град Џеда, се очекува Блинкен да се сретне со највисоките саудиски функционери и престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан отпатува во Саудиска Арабија на 7 мај.

Посетата на највисокиот американски дипломат од 6. до 8 јуни на најголемиот светски извозник на нафта доаѓа неколку дена откако Ријад најави натамошни намалувања на производството на нафта, потег кој најверојатно ќе ги зголеми тензиите во односите меѓу САД и Саудиска Арабија.