Патниот правец А-3 Ресен–Битола е затворен поради блокада

Сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен–Битола е блокиран денеска во 16:10 часот, кај битолското место познато како „Ромската населба“, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со наместа влажни коловози, а надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.