Јас уште вечерва на 31-ви октомври кажав кога бев во едно од телевизиските студија, можеби и овде бев, кога беше така на еден јуришен начин најавена таа оставка и од партијата и од државата, и тогаш реков и држам до тоа дека оставка ниту имало, ниту има, ниту ќе има. Тој човек е властољубив, тој човек е среброљубив, тој човек нема намера да се повлече од политиката. Тоа едноставно беше еден електричен зајак пуштен во јавноста во Македонија, за да не се дискутира околу страотниот пораз на Зоран Заев на локалните избори, туку сега да дискутираме за некои други теми, истакна Ивица Боцевски во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Боцевски додаде дека поради наводната оставка на Заев започнаа веднаш срцевопарателни изјави од неговите членови, функционери. Ова на Заев со оставката е евтин театар, кој што требаше само да го сокрие неговиот пораз на локалните избори.

-Меѓутоа, сега имаме нешто друго на маса, тоа другото што го имаме на маса е иницијативата за недоверба на Владата, рече Боцевски.

Боцевски посочи дека оставката на Заев е лажна оставка.

-Зборувам за човек кој што го погази Уставот на оваа земја, го погази референдумот, изборната волја на граѓаните, лани влезе во еден ужасен изборен процес, годинава се срамевме од тоа што гледавме во саботата вечер пред првиот и вториот круг, така што малку е ако зборувам за џамбас и ќибритлија, појасни Боцевски.