Во емисијата  „Утро со Златев“ гостува Ибица Боцевски, екс амбасадорот во Бразил каде разговараше за актуелните општествени, политички и економски  теми. Во однос на економскиот развој  и инвестициите, тој ја искоментира состојбата  во соседна Србија, споредувајќи ја со Македонија.

„Република Србија до скоро имаше инвестиции по глава на жител помали од Македонија, а денес не претрка и за нас сега е  Германија. Еве видовте и со вакцините кое чудо го направија, кај нив продолжува темпото на инвестирање и тоа го менува општеството. Ме фасцинира делот во инфраструктурните проекти, таа дава мобилност , поврзанот и во регионот. Регионалниот пазар е поинтересен за меѓународните инвеститори.  Нештата таму врват на еден поинаков начин, изјави Боцевски.