Уште откако се случи страшната трагедија со македонскиот автобус во Бугарија, инспекторите не успеваат да влезат во седиштето на „Беса Транс“ во село Рашче и да ја одземат потребната документација.
Во меѓувреме во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство – Скопје. Сите документи за „Беса Транс“ се предадени на Обвинителството и предметот веќе е отворен.