– Тоа ќе му треба и на градоначалникот и на општината, да знаеме колку проекти, колку приоритети има, колку улици има, колку жители живеат во одредена населба, за да може да се реализираат и тие проекти и тие приоритети на граѓаните. Така што пописот е операција, којашто е потребна и за во земјоделието и за урбанизмот и за сите останати потреби и ресори во државата, вели Бочварски.
Посочи дека податоците од пописот се клучни за општините од аспект на планирање на своите развои, урбанистичкото планирање на своите градови и населени места.
Повика граѓаните да попишат, бидејќи, како што рече, тоа е операција која мора да се реализира во наредниот период.