-Како, како држава ќе направите механизам да исконтролирате со кои количини ќе ги проектира „Бехтил и Енка“ патиштата и делниците што сами ќе ги изведуваат“, праша Ивановски, а Бочварски одговори во емисијата „Жешко политичко лето“.

Бочварски на ова прашање одговори дека се дава простор на истата компанија да проектира и да гради за да не се случува потоа судири на изведувач и проектант.

Бочварски призна дека многу патишта уште не се завршени иако досега требало да се завршат.

-На крајот од денот имаме проектирани патишта кои што се проектирале во 2002 година, а денеска се уште се градат, рече Бочварски.