На неполни две недели до крајот на годината , Владата не може да оствари ни две – третини од предвиденото.  Реализацијата на капиталните инвестиции кои беа и намалени со ребалансот на Буџетот, изнесуваат  63 отсто или 337 милиони евра.  Забавеното темпо на кпиталните инвестиции, според Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се должело на ценовните шокови, оти многу поскапеле градежните материјали . Иако Македонија чека со години на безбедни патишта, Министерот укажа уште еднаш дека за реализација на  крупни проекти било потребно време, сепак не се откажува од амбициозните зборови, на Македонија ќе и завидувал цел регион,   а до година планирани биле 120 км нова патна мрежа .

Кога станува збор за ваков тип на инфрастурктура каде има големи градежни зафати. Наредната година треба да започнеме со реализација на над 120 км нови патишта и тоа се делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево, Требеништа- Струга – Ќафасан , Прилеп – Битола , да продолжи и да заврши до крајот на нредната година изградбата на автопатот Кичево – Охрид, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Бочварски се пофали дека годинава била успешна по реализација на капитални инвестиции,  а до година ќе сме биле уште поуспешни. Успехот го гледа во пуштените дури два нови патни правци од Штип до Радовиш, завршената траса од Штип до Кочани која најави дека ќе биде пуштена во употреба наредната недела и рехабилитацијата на неколку патни правци

 

Оваа година пуштивме нови патни правци од Штип до Радовиш со 64 милиони евра инвестиција и од Штип до Кочани кој ќе го пуштиме во текот на наредната ндела, патишта со кој саниравме голем број на црни точки . Моите очекувања дека наредната година нивото на капиталните инвецстиции ќе биде уште повисоко од оваа година, а оваа година покажаме дека може да бидеме во текот на сите овие кризи од 2014-2015-2016 бидејќи се работи со многу капацитет и енергија, рече Бочварски.

Од модерната патна инфраструктура до сега се се сведува на „ ќе’ , освен скапите патарини. Владата за сега не планира да ги намали цените на патарините, а тоа Министерот за транспорт и врски го оправда со потребата за собирање на средства на изградба на автопати . Според последните информации, јавното претпријатие за државни патишта заклучно со ноември 2022 оствари рекорден промет  од над 48 милиони евра , што е за два милиони повеќе од 2021 година или над 46 милиони евра.

Во продолежение погледнете го прилогот на Алфа телевизија