Ангажманот на експерт за Фидик договори, треба да донесе насока, во кој правец треба да продолжи државата во насока на завршување на овој проект, појасни денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
„Поддршката од страна на Фидик експертите ќе биде во насока на покажување на правците во кој правец треба да продолжи државата во насока на завршување на овој проект. А секако, експертите коишто дополнително Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги ангажира ќе бидат во насока на најдоброто можно решение за свлечиштата и косините кои се реален и голем проблем на голем дел од трасата на автопатот Кичево – Охрид“, рече Бочварски од Неготино, каде беше прашан што очекува од ангажманот на Фидик експерт.
Тој смета дека, на овој начин, по утврдување на сите правци коишто ќе произлезат од стручни лица, без притоа да се прави политички притисок, туку со стручна анлиза ќе се дојде до најдобрата политичка одлука којашто ќе ја донесат и за завршување на автопатот, но и тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните.
– Комапнијата „Синохидро“, во минатиот период беа во континуирана комуникација со Министерството со ЈП за државни патишта, со сите подизведувачи во насока на разрешување на сите прашања кои се отвораа во текот на изградбата. Доколку побараат средба, секако дека ќе ја реализираме. Инаку, на техничко ниво се реализираат и се одржуваат средби. Важно е дека комапнијата има сѐ уште рок за реализација и до 31.12.2023 година имаат и рок и фронт за работа за да продолжат да работат на терен“, додаде Бочварски.
Владата има помалку од два месеци до истекот на договорот на Нова година со Синохидро дали ќе ја продолжи сорабтоката или ќе бара нов изведувач.
Изградбата на автопатот, проектиран со вкупна должина од 57 километри, почна во 2014 година и од првично предвидените 374 милиони достигна вредност од 598 милиони евра. Не е завршен и покрај неколкуте анекси на Договорот со кинески „Синохидро“ со кои беа продолжени роковите.