„Малата Магдалена ја убија по вторпат – сол на рана за нејзиното семејство!“, пишува познатиот инфлуенсер Никола Николовски – Боемот во својата објава на Инстаграм.
Неговиот став го пренесуваме во целост.
Малата Магдалена ја убија по вторпат – сол на рана за нејзиното семејство!
Апелациониот суд во Скопје ја намали 18-годишната казна затвор на осум години, на велешанецот Ангелче Николов.
Да се потсетиме тој доби затворската казна во висина од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ и ИЗБЕГА кога се случи ,,незгодата” поточно убиството.
Неговите сограѓани, моите пријатели ми кажуваат дека и претходно бил познат по брзото возење и учествувал во вакви незгоди.
Образложението на судот бидејќи се каел за делото ништо не значи на семејството на малата Магдалена. Апсолутно ништо!
Оваа пресуда е загрижувачка и истата може да поттикне други да го направат истото. Нека ѝ е лесна земјата на Магдалена, а нејзиното семејство нека биде силно во вакви моменти, колку што може…
Боемот 2.0
P.s. Пред само неколку дена 25 годишен млад човек беше прегазен во Бутел. Зад себе остави мало дете од само еден месец и фамилија чие отсуство ќе биде вечно.
Освен правосудството, мора да се регулира и нашиот сообраќај под итно. Да бидеме повнимателни, но и да има соодветни казни кои ќе ни направат да не се ни осмениме истите да ги прекршиме. И секако… Да не бидат селективни – она што е и најголем проблем кај нас. Не се проблем казните туку нивното спроведување кои зависи дали дедото ти е владика…
View this post on Instagram