По денешното прегласување: Пирова победа на СДСМ
Помина денешното прегласување во петтата и шестата изборна единица. Во петтата изборна единица СДСМ не успеа да земе пратеник (се надеваа дека Боби Мојсоски од ЛДП ќе дојде како пратеник), но затоа пак во шестката ДУИ изгуби пратеник. По ова прегласување има само една промена во пратеничките мандати. Коалицијата ВЛЕН во шестата изборна единица доби 8 мандати односно на ниво на држава сега има 14 пратеници. Нова пратеничка е Имрлије Салиу Фетаи од Гостивар. Таа доаѓа на местото на Фатмире Исаки од ДУИ.
Пишува: Никола Николовски
Како СДСМ победи денеска? Практично СДСМ денеска воопшто не победи, но со тоа што ДУИ падна со пратеник помалку тие се изедначија со мандатите. И двете партии имаат по 17 мандати, но по вкупен број на гласови СДСМ има 17.000 гласови повеќе, па со тоа стана втора политичка партија во државава. Ова е важно бидејќи за „вториот“ следува прв човек на Државна изброна комисјиа (ДИК), а и многу директорски места. Како што некаде прочитав, МРТ, АВМУ и слични ќе одат кај втората партија. (Ваквата информација земете ја со доза резерва).
Првпат во живот направив два преседани. Првото беше што навивав за СДСМ да стане втора партија бидејќи тоа е добро за нас како држава, а второто беше што навивав за Тиквеш да го освои купот на Македонија. Кавадарчани малку ме налутија со некои пароли анти-Скопје, но нека се живи и здрави. Битно е моите прогнози денеска се 2 од 2. Шала на страна, посакувам СДСМ и покрај се да се реформира и да имаме здрава демокартија, секако каде што ќе има и други македонски парламентарни партии како Левица и ЗНАМ. Сега, топката е во рацете на Христијан Мицкоски и негово е да состави влада која се надевам дека по многуте нацонални предавства ќе ни го обели образот. Колку – толку…
Боемот 2.0
P.s. Ковачевски си даде оставка од СДСМ попладнево. Партијата ќе бира нов лидер, а според моите информации најсериозни кандидати се Венко Филипче и Јован Деспотовски, а се спомнуваат и имињата на Славјанка Петровска, Стево Пендаровски и Стефан Богоев.
View this post on Instagram