-Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите“, објави Богдановиќ.
Градоначалникот најавува дека отстранетите дрва наесен ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор.
Во меѓувреме граѓани реагираат дека дрвата биле израснати и зрели, како и дека Богдановиќ пред реконструкцијата ветил дека ниту едно дрво нема да се исече.
Тој најави и дека наскоро ќе бидат посадени нови садници на дрва.