Мицкоски додаде дека потребен е друг пристап, треба да се понуди друг пристап на кој што ќе се зборува.

-Ако ми понудат друг пристап на кој што ние би зборувале и би дошле до целта подготвен сум ги слушнам. Во спротивно таа е нашата политика, да ги користиме сите демократски алатки кои што ни стојат на располагање да го спречиме тоа. Имавме низа протести во минатото и цениме дека јавното мислење на кое што е негативно кон таков тип на решение и те како допринесе за да досега не потпишат таков авантуристички договор. И ќе ве потсетам на интервју на Зоран Заев даден за оној бугарски медиум кога наеднаш од окупатори станаа администратори и ослободители, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека по интервјуто на Заев, ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица и така се спротивстави на штетните политики и изјави на оваа власт.