На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која истакна дека реализацијата на капиталните проекти од страна на Владата е со раст за разлика од владеењето на СДС и ДУИ, а притоа истите резултирале со 0% реализација.
Бојковска се осврна и на однесувањето на ДУИ кога е на власт, дека е различна партија од ДУИ во опозиција.
„Интересно е како ДУИ кога нема да биде на власт тогаш почнува она непочитување на демократијата и на се она коешто значи право на граѓанинот, што поскоро да се свестат дека граѓаните го дадоа судот на изборите и дека сакаат просперитет во оваа држава, а не тензии. Имаме трицифрен раст на реализација на капитални проекти, во ваше време имавме реализација на капитални проекти во делот на исплаќање на авансни исплати во вредност од 250 милиони евра, а резултат изградба 0. Немаше фрлено камче на коридорите, како тогашен координатор го поставивте Артан Груби, па се испостави дека на крајот од денот имаме 0 реализација и може да биде многу сомнително и симптоматично што се работело во контекст на самите овие коридори. Зошто се одложил проектот за две години, заради тоа што две години кога сте практицирале власт ништо не сте реализирале и ништо не се работело“, рече Бојковска и додаде:
„Најголемо признание за нас е дека има почитување на етникумите во нашата држава е токму пост-мониторингот за нашата држава каде што сме признаени од Советот на Европа дека имаме почитување на етничките заедници, имаме владеење на правото, имаме зрела демократија“.
