Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ вели дека политиките за вработување на младите се во вистинска насока
На трибина организирана на тема „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, истакна дека вработување на младите е една од приоритетните насоки на новата влада.
„Морам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките. Заедно со Унијата на млади сили направивме и низа на мерки во коишто бевме во дослух со младите, односно беа организирани каравани насекаде низ Македонија, сè со цел да се слушнат потребите на младите во секој еден дел од државата. Нашата политика на дејствување оди во правилна насока. Сега кога власта ја презема ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека уште позасилено треба да работиме на истото. Со уште позасилено темпо ќе работиме во таа насока. Да останеме во чекор со младите. Една од мерките всушност беше и оперативниот план за вработување. Една од приоритетните мерки во коишто беа истакнати три области во коишто младите треба да бидат центар и фокус на носење на политиките. Тоа се образованието, вработувањето и обезбедувањето на Дом за млади“, посочи Бојковска.
Таа потенцираше дека условите за вработување на младите сега се значително подобрени во споредба со претходните години.
„Освен што се дава суштинска поддршка на младите претприемачи за да се поттикне вработувањето на младите луѓе во Македонија, со оперативниот план кој се однесува над 65% на млади луѓе до 29 години, за разлика од тоа во претходната власт – особено младите луѓе се сеќаваат на оној скандалозен Фонд за иновации, каде што сведочевме на проневерени средства од 3 милиони евра. Мислам дека со тоа што младите го гледаа и сведочеа, ја казнија тогашната власт. Сега ситуацијата е многу поинаква. Се вреднуваат суштинските претприемачки бизнис планови, и ќе биде процесот многу транспарентен. Многу отворен за младите, сè со цел да ја погодиме суштината. Тоа е да го подобриме вработувањето на младите луѓе“, изјави Бојковска.