Како дел од Изборната Програма, Бојковски ги наведе, изградбата на нов пат од с. Железница – с. Горно Кратово – с. Нежилово, изградба на спортско-рекреативен планиски центар на Осоговски планини во атарот на селата Нежилово и Каврак, како и рехабилитација и асфалтирање на постоечките локални патишта и улици.

Ќе инвестираме и во дигиталната инфраструктура. Тоа значи воспоставување на тикетинг систем за пријавување на дефекти во склоп на апликацијата „MyKratovo“. Давањето основ и следливоста на реализацијата на тикетот ќе го следи општинската администрација во координација со институциите и органите непосредно задолжени за постапување по тикетот“, рече Бојковски, истакнувајќи ја потребата од дигитализацијата која е неопходна во денешно време. За модерно Кратово, кое ќе одговори на потребите на младите, на граѓаните.

Како дел од проектите преточени во изборната програма Бојковски ги посочи и инвестициите во нов старски дом со капацитет од 70 лица, кој ќе биде првиот општински дом за стари лица во регионот. Истовремено, овој проект претставува двојна придобивка и место, катче за старите лица и нови 10 вработувања од општината.

Бојковски најави и реконструкција на детската градинка во Кратово, но и финансиска поддршка за секое новороденче од 2.500 евра еднократно, со цел поттикнување на наталитетот.