Како што дознаваме од Вишото јавно обвинителство предлогот е да се одбие ваквото барање кое Јовановски го поднесува поради наводни здравствени проблеми и наводен инвалидитет потврден од лекарски конзилиум.
По повеќе линии од правосудството се врши притисок кон Аплеција да се прифати барањето на Боки 13, иако правен основ за ова барање имаат само оние кои одлежале најмалку две третини од затворската казна, брифира извор од Вишото јавно обвинителство за Радио Лидер.
Јовановски до овој момент има одлежано само една третина од истата.
Доколку Апелација потпадне на притисокот тоа би значело дека Бојан Јовановски трајно ќе излезе од затвор.
Неговото излегување од затвор веќе предизвика бура од реакции откако тој доби вакво решение за времен отпуст. Тој јавно се појавуваше на најразлични настани, па дури беше и во својство на нивен организатор.
Ваквата гламурозна наградна игра предзивика мноштво реакции во јавноста.