Покрај Јовановски позитивен е и неговиот цимер. Заради специфичната ситуација и двајцата се ставени во изолација.

Веста дека Боки е позитивен ја потврди и неговиот адвокат Сашо Дукоски за „Република“. Тој вели дека неговиот штитеник и онака е во лоша состојба и оти ова дополнително ќе влијае на неговото нарушено здравје. Не знае како Јовановски фатил корона и тоа најверојатно се случило со мешање со останатите затвореници.

Јовановски од минатиот месец е на издржување на затворката казна во затворот „Идризово“ откако Апелација на потврди пресудата за случајот „Рекет“.