Резервите на литиум во Боливија сега се проценуваат на 23 милиони метрички тони, рече претседателот Луис Арсе, известувајќи за зголемената проценка на клучниот ресурс за енергетската транзиција по новото владино истражување.
Досегашните проценки покажаа залихи на 21 милион метрички тони. Државната компанија ја пресмета новата проценка по истражувањето на повеќе од 66 бушотини во две полиња на солената рамнина Салар де Ујуни.
Боливија се сврте кон инвестиции од руски и кинески компании за да развие огромни, но главно неискористени резерви на бел метал, клучна суровина за батерии за напојување на електрични возила.
Според претседателот Арце, Владата започнала разговори и со претставници на ЕУ. „Сите очи се вперени во Латинска Америка и Боливија поради нашето богатство со литиум и стратешки минерали“, рече Арсе.
Јужноамериканскиот „литиумски триаголник“ вклучува повеќе од половина од светските резерви на метал, според проценките на Американскиот геолошки институт (USGS). Според новите проценки, резервите на Боливија ќе ги надминат резервите на Аргентина и Чиле, проценети на 20 и 11 милиони метрички тони.