Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеф Борел денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е во клучна фаза.
„На денешниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, кој е на добар пат и ориентиран кон иднината“, изјави Борел.
Борел додаде дека „ќе биде домаќин на двете страни во Брисел следната недела и додаде дека се надева дека ќе бидат конструктивни и ќе ја искористат оваа единствена можност“,пренесе Танјуг.