Шефот на европската дипломатија , Жозеп Борел, по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната ќе се одлучува оваа пролет и летo. Поради сомневањата за продолжување на американската воена помош за Киев, тој соопшти дека неговата порака до американските конгресмени е: „Што и да се направи, направeтe го тоа брзо“. Според Борел, следниот месец ќе биде одлучувачки.
Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива, а Украина не може да ги чека резултатите од следните американски избори. Американскиот претседател, демократот Џо Бајден, од самиот почеток на руската инвазија во 2022 година го поддржа испраќањето воена помош за Украина, додека неговиот главен противник од редовите на републиканците, Доналд Трамп, прибегна кон политика на изолационизам.