Досегашниот министер за внатрешни работи на германската покраина Долна Саксонија, Борис Писториус, ќе стане нов сојузен министер за одбрана, јавуваат германските медиуми.
Писториус ја наследува Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка откако со месеци се соочуваше со критики во врска со испраќање оружје на украинската војска.
Борис Писториус ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи и спорт на Долна Саксонија од 2013 година.
Пред тоа, тој беше на позиции на локално ниво, вклучително и како градоначалник на Оснабрик, град во северозападната германска покраина Долна Саксонија.