Како што пренесува БГНЕС, Борисов бил категоричен дека патот на С. Македонија и Албанија кон ЕУ не може да биде одложен, па затоа мора да се решат разликите меѓу Софија и Скопје.
-Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори – за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската Унија. Ова прашање е геостратегиска цел на Бугарија и ние и вие треба да најдеме политичка волја“, му рекол Борисов на Османи.
Бугарскиот премиер истакнал дека двете земји мора да го следат патот на дипломатијата и на разбирањето.
-Хероите што загинаа за слобода не можат да бидат тема што нѐ разделува, затоа што нивниот најголем сон беше да бидат заедно и затоа ги дадоа своите животи. Значи, тие треба да бидат мост на пријателството, а не на поделба“, рекол Борисов, како што пренесува прес-службата на бугарската влада.
Борисов, како што се наведува, ја потврдил принципиелната поддршка за европска интеграција на С. Македонија, со исполнување на соодветните услови. Тој ја истакнал потребата од исполнување на сите обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.
За време на состанокот на Борисов со Османи, биле разгледани и билатералните односи, европската перспектива на Република С. Македонија и предизвиците што ги носи пандемијата ковид-19. Борисов, како што се наведува, испратил посебни поздрави до македонските премиер Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.
За средбата со Борисов информира и Османи, преку својот фејсбук-профил. Според информациите, тие се сретнале на аеродромот во Софија чекајќи ги своите летови. Османи преку Софија летал за Берн, а Борисов на работна посета во Виена за да оствари средби со повеќе лидери на земји членки на ЕУ.
Posted by Bujar Osmani on Tuesday, March 16, 2021