Раководството на Вардар на денешната прес-конференција ги откри идните планови на клубот и промените во раководниот и спортскиот дел. Освен Стојанче Стоилов, целосно од терените се повлекува и Борко Ристовски, но екс македонскиот репрезентативец останува во ракометните води.

Ристовски влегува во раководството на Вардар и ќе има нова улога, односно ќе биде извршен директор на „црвено-црните“.

Тој се врати пред три години во Вардар, од португалската Бенфика.