Современо мултифункционално игралиште во Теарце – нова инвестиција на Министерството за спорт во локалната спортска инфраструктура
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи стартот на комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште во општина Теарце.
Овој проект претставува уште една инвестиција на Министерството за спорт во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Новиот спортски комплекс ќе располага со фудбалски терен, терен за кошарка и фитнес зона на отворено, создавајќи простор за спорт и рекреација достапен за сите генерации.
-Нашата цел е спортот да биде достапен за секого – и во малите и во големите општини. Со изградбата на вакви мултифункционални игралишта им овозможуваме на младите и на сите граѓани да ја развиваат својата спортска активност во современи услови. Верувам дека токму ваквите вложувања ќе придонесат спортот и физичката активност да станат секојдневна навика и начин на живот – истакна министерот за спорт, Борко Ристовски.
Министерството за спорт во изминатите 15 месеци изгради и обнови повеќе од 30 мултифункционални игралишта низ целата држава. Програмата продолжува и во наредниот период, кога ќе бидат реализирани нови проекти за изградба и реконструкција на современи спортски терени, со јасна цел – спортот да биде достапен за сите граѓани во секој град и во секоја општина.
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска го означи стартот на комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште во општина Теарце. Ова е уште еден од проектите на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура. Во склоп на овој спортски комплекс ќе има фудбалски терен, терен за кошарка и фитнес зона.
Министерството за спорт продолжува со инвестициите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура во повеќе општини. Во изминатите 5 месеци беа изградени и обновени повеќе од 30 мултифункционални игралишта.
Оваа програма продолжува со реализација и во наредниот период во кој ќе бидат изградени и реконструирани повеќе вакви уредени простори за спорт и рекреација низ целата држава со цел физичката активност да стане навика, а спортот да биде достапен за сите граѓани во секој град и во секоја општина.