Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која се легализира употребата на канабис за медицински цели, со што се менува досегашниот статус на оваа супстанца во националната регулатива.

Одлуката произлезе од иницијатива на Саша Магазиновиќ, пратеник од Социјалдемократската партија, со која канабисот е префрлен од колона 1, каде што беше класифициран како строго забранета дрога, во колона 2, во која се наоѓаат супстанци чија употреба е дозволена под строга контрола.

Во истата колона веќе подолг период се вклучени опиумот, морфинот и низа други супстанци што се користат исклучиво за медицински цели, во согласност со пропишаните здравствени и регулаторни стандарди.

По усвојувањето на одлуката, Магазиновиќ ѝ се заблагодари на министерката за граѓански работи на Босна и Херцеговина, Дубравка Бошњак, за поддршката што ја дала во процесот.

Тој посочи дека на донесувањето на оваа одлука ѝ претходеле години борба, опструкции и истрајност, нагласувајќи дека напорите вределе поради, како што рече, луѓето за кои оваа одлука претставува