Околу 95 отсто од возрасните граѓани на Нов Зеланд примиле најмалку една доза од вакцината, а случаите на инфекција со сојот омикрон откриени во Нов Зеланд веќе се задржани на граница и ставени во изолација, пренесува АП.
Нов Зеланд успеа да го спречи ширењето на коронавирусот со воведување и спроведување на остри антиепидемиски мерки во последните две години, па така во изминатите две години во таа земја се потврдени 50 смртни случаи на заболени од Ковид со вкупно население од 5,5 милиони.
Поради појавата на корона вирусот делта, најголемиот град на Нов Зеланд, Окленд, е во карантин од август. Во екот на епидемијата во Нов Зеланд за еден ден се потврдени рекордни 220 случаи, а во последно време дневниот просек е околу 50 нови инфекции дневно