-Почитувани сограѓани, Македонија избра да чекори по патот на слободата. Немаме време за губење, бидејќи нас не чека многу работа. Проектите поради кои остварив победа во првиот круг треба да се реализираат веднаш. Ние, граѓаните нема да се предадеме така лесно. Затоа што ќе излеземе и на 31-ви октомври ќе го потврдиме она за кое мечтаеме. Од први ноември, општината Ново Село мора темелно да се исчисти! Ве молам да разберете дека правото на глас е скапоцен дар на демократијата, истакна тој.

Божинов потенцира дека ќе им помогне на сите сограѓани.

-Ќе победиме заедно и ќе работиме за веќе – никој да не биде зависен. На сите сограѓани да им помогнеме. Никој не знае за кого гласаш. Лебот е живот, а гласот е слобода. Изберете слободен леб, порача тој.