Она што го кажува Христијан Мицкоски, неговиот збор е голем како планина, што ќе каже го одржува. И ова со 61 пратеник тој го оствари. Меѓутоа ова што се случи сега е еден брутален напад врз личноста на човек, ако е така било како да е, дали е киднапиран или е платен мислам дека ред е веќе Македонија да престане да зависи од индивидуи и поединци, заклучи Ламбе Арнаудов во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Вангел Божиновски во истата емисија вечерва посочи дека Зоран Заев со неговата Влада нанесе голема штета врз Македонија.
Единствена цел за спас е демократска партија за македонско национално единство. Кога ќе постигнете македонско национално единство за сите други ќе биде подобро. Затоа што оваа држава, ова место, оваа локација е изработена токму од тој македонски народ. Така пишува на секој камен и ако се вратите назад во историјата кои ја попљукаа овие од власта како неважна и една некадарна министерка за образование која вели дека не треба да има историја па историјата требало да се учи од интернет. Интернет нема податоци за Македонија. Ние сами треба да ги напишеме тие податоци – рече Божиновски.
Арнаудов додаде дека Мицкоски со своите постапки го раздрма мнозинството на Владата, по ова денес потребни се нови парламентарни избори. Оваа влада треба да се распушти.