Парламентарните избори и претседателските треба да бидат заеднички, односно парламентарни да има со вториот круг на претседателските. Со тоа ќе се обезбеди цензус, нема да се закочи економијата повеќе од 6 месеци, ќе се заштедат пари и нема да има уставна и политичка криза, изјави аналитичарот Владимир Божиновски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
Според него, онаа разлика која е воочлива на анкетите и предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ ќе се преслика на претседателските избори, бидејќи и Пендаровски да е повторно кандидат тој не ужива рејтинг и не може да оди со ветувања како пред 5 години, а го менува ставот на саат време.
-Граѓаните, две третини односно околу 66% бараат заеднички избори, а само 15% бараат да не се заеднички, дури и симпатизерите на СДСМ и членовите бараат да се заеднички изборите. И ДУИ и Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, сите се изборите да се заеднички, само Ковачевски е да се одвоени. Освен да остане премиер уште еден месец друго нема, не гледам ниту еден аргумент зошто да се одвоени, потенцираше Божиновски.
Тој додаде дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ има најголеми шанси да победи на претседателски избори и има ако изборите бидат одвоени тоа ќе биде уште полошо за СДСМ, затоа што во таков случај ВМРО-ДПМНЕ ќе има голем, плус а кај СДСМ ќе ги снема клиентелистичките гласачи, нивните гласачи ќе се демотивирани и победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде уште поголема.
-После првиот круг ќе ги снема клиентелистичките гласови, ќе ги снема и тие кои сметале дека ќе победи СДСМ. Падот на доверба кај власта само е поголем, власта веќе не може да очекува дека ќе го зголеми гласачкото тело. Сега сме во ситуација каде власта е повеќе од преполовена, под 505 е намалена поддршката која ја имаше 2016. Нема валиден аргумент зошто изборите би биле одвоени и зошто да се доведува државата во ситуација на политичка и уставна криза, изјави Божиновски.