„Стравот кој постои кај мнозинството население со тие изјави на повеќе бугарски политичари само се потврдува дека ние всушност внесувањето на Бугарите во Уставот за Македонија ќе биде почеток не на европскиот пат, туку почеток на пречките кои ќе не чекаат од бугарска страна на секој ќош“, изјави аналитичарот Владимир Божиновски во гостување во емисијата „Само Вистина!“ на Канал 5 Телевизија.
Тој додаде дека досега Македонија има цело време само ветување, без притоа да почувствува како е да е дел од Европската Унија.
„За жал имаме протокол кој се потпиша договор и дополнително на него се споменува тој протокол, тој им дава на Бугарите бескрајни можности да не блокира и да не уценуваат за прашања кои современиот и развиен Свет особено ЕУ смета се за во 19-тиот век, не се ни за 20-тиот век“, кажа Божиновски.
Тој истакна дека проблемот е што од Македонија секогаш се бараат болни работи и болни реформи кои не се барани од ниту една друга држава која била кандидат, а сега дел од Европската Унија.
Божиновски запрашан за одржувањето на изборите е дециден дека етничката албанска опозицијата ќе може сериозно да му се спротивстави на ДУИ.
Oд сите истражувања кои излегоа во изминатиот период мислам дека е јасно дека ќе дојде до промена на власта каде СДСМ ќе замине во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт“, потенцираше Божиновски.