-Има неколку работи кои што треба да се напоменат, првото е дека онаа предност која што се стекна ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори се потврди и сега оваа анкета покажува дека има зголемено. Според бројот на гласови на изборите од октомври разликата беше околу 4%, а сега е веќе околу 5%. И тоа позначајно е што се уште ние немаме брза најава на избори, затоа што секогаш наклоноста би рекол или актуелноста на политиката и политичките партии за најголем дел од населението се разбира се зголемува затоа што се приближуваат до одредени избори. И сега кога се уште нема договорено датум за предвремени избори за кои што се бори нели опозицијата, вие да имате како опозициска партија 5% разлика е добар старт затоа што вообичаено така е барем досега во изминатите 30 години со најавата за избори имаме очекувања дека повеќе ќе се мобилизира опозицискиот блок на партија отколку она што е власт, појасни Владимир Божиновски на утринска емисија на радио Лидер.
Божиновски додаде дека СДСМ се што вети на граѓаните воопшто не ни исполни. Еве власта се задолжува, а граѓаните не гледаат каде одат парите.
-Добро ќе биде да тие пари од задолжувањата на власта да дојдат кај граѓаните, иако тука искрен да бидам сум скептик. Досега мислам околу 3.5 милијарди евра дека се задолживме во изминативе пет години со оние сите еврообврзници. Видовме дека на локалните избори минатата година власта изгуби иако и претходно имаше пари. Не е само вие да ги земете парите туку прашање е како ќе ги потрошите тие пари, за што ќе ги потрошите тие пари, и која е разликата квалитативната разлика што би ја направиле тие пари. Досега видовме дека власта не успеа баш најдобро да се справи во однос на кој начин се трошат тие заеми. Ние за пет години се уште имаме еве да почнеме од оние би рекол највидливи работи се она што се градеше низ Скопје престана да се гради од 2016-та година па навака. И се уште не се гради. Немаме некои економски субјекти кои што ќе значат повисок раст, тоа што е донесено во зоните, значи странски инвестиции си останаа истите од 2016-та година, појасни Божиновски.
Божиновски нагласи дека во просек некаде годишно повеќе од 600 милиони евра не задолжува власта.
-Многу е важно не да се земат само пари, туку како ќе се потрошат тие пари. Ако земеме во предвид како изминативе години се трошеа парите може да се заклучи дека немаше ефективно трошење кое што ќе значи подобрување на животот на граѓаните, раст на економијата итн., појасни Божиновски.
Божиновски посочи дека ова е токму дел поради што власта ја губи довербата кај граѓаните. Граѓаните од оваа власт само почувствуваа сиромаштија и двоцифрена инфлација.