„Проблемот е во власта, се додека е оваа власт ќе продолжи бугарското однесување како и до сега со газење на секакво човечко национално и секакво друго достоинство од нивна страна, а од наша страна молчење затоа што буквално секои може да си прави што сака и да изјавува што сака за Македонија а власта само ќе молчи“, рече аналитичарот Владимир Божиновски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија.
Тој посочи дека не смееше да се дозволи да се отворат клубови со такво име.
„Никој нема против да се отвори било каков клуб но вие да отворите клуб со име на најголемите злостори на Македонија и Македонците во втора светска војна тоа покажува дека не е целта културна соработка или работа туку исклучуво политичка провокација“, рече Божиновски.
Божиновски посочи дека ситуацијата е кога имаме власт која прифаќа се’ тогаш другата страна ќе се обиде да направи најголем можен притисок како тоа што го прави Бугарија изминатите години со цел да си ги оствари своите соништа уште од Сан Стефана па наваму.
„Што може да се очекува од Влада која се држи на стаклени нозе и нема доволно пратеници да обезбеди кворум за одржување собраниски седници и 2 и пол години владата се занимава сама со себе и буквално со ништо друго, а во меѓувреме се случуваат катасфори“, кажа Божиновски.