Ако Бугapите не влезат во уставот можна е радикализација на Албанците. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе – Таравари, пишува на својот фејсбук профил Божидар Божиновски.
Владина политика – ако не милом, силом. Слободно радикализирајте се, место во ваков момент да податете рака кога нас Македонците најмногу ни треба, да се осетиме дека навистина и вас ви е за соживот и живот тие ќе се радикализирале. Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа.
Никој не го поставува прашањето што ако македонскиот дел се радикализира, а се радикализира. Не е овој народ заложник, нит Ковачевски е легитимен претставник на Македонците со поддршка колку обезмастен јогурт. Тие денови на закани поминаа, само уште некои немаат сфатено.
А излез секогаш има: