Бранденбуршката порта во Берлин вечерва е осветлена во боите на израелското знаме, во знак на солидарност по денешниот разурувачки напад на милитантите од Хамас врз Израел, што резултираше со стотици смртни и над илјада повредени Израелци.
Германскиот канцелар Олаф Шолц на својот профил на Х објави статус на кој напиша: „Во солидарност со Израел“.
Германија претходно на своите државјани им препорача да не патуваат во Израел.