Фотографија што предизвика внимание
На социјалните мрежи се појави фотографија за која се тврди дека е направена вчера попладне, на која се гледаат поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски, актуелниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Донев. Според објавите, фотографијата е направена во познат охридски ресторан, каде четвртото лице на масата било сопственикот на компанијата „Пупе“ од Охрид.
Црвенковски повторно во јавноста
Бранко Црвенковски, кој подолг период не е активен во политиката, повторно се најде во центарот на вниманието по оваа заедничка средба. Според неофицијални информации, не е првпат тој да се сретне со Пецаков, кој е градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и повторно е кандидат за функцијата.
Ѓоргоска сподели фотографија со поранешниот лидер
Истовремено, Марина Ѓоргоска – носител на советничката листа на ЗНАМ во Охрид, објави фотографија со Црвенковски на своите профили на социјалните мрежи. Под објавата таа напиша: „Со најдобриот и посебен лидер, кафе во најубавиот Охрид“. Овие фотографии предизвикаа бројни реакции и коментари во јавноста.