Истражниот судија на Основниот суд во Никшиќ му одреди на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, мерка притвор до 30 дена. Судот оцени дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот, доколку биде ослободен, би можел да избега и да стане недостапен за државните органи во понатамошната постапка.
„На предлог на Основното државно обвинителство во Никшиќ, беше одреден притвор за А.Ѓ. поради основано сомнение дека сторил кривично дело нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материјали. Притворот беше одреден поради ризик од бегство. Постои основано сомнение дека А.Ѓ. во својата куќа во Никшиќ, неовластено поседувал оружје и муниција“, соопшти ОДТ.
