Газдата на кумановската станица за технички преглед „Пин Петрол“ заедно со две службенички, едната вработена во Македонска пошта, а другата во Јавното претпријатие за државни патишта според финансиската полиција успеале да проневерат над 22 милиони денари не уплаќајќи го законскиот надомест на претпријатието за државни патишта.
Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба, проневера во службата и несовесно работење . Според финансиска, цели пет години газдата на Пин Петрол бил свесен дека не се уплаќа такса, сепак не презел ништо.
Второосмничена е братучедката на екс министерот Оливер Спасовски, Габриела Спасовска Крстевска која била вработена во Македонска пошта. СПоред полицијата, од фирми и од луѓе, парите наменети за уплата во Државни патишта, ги присвоила за себе со фалсификат налози за уплата.
Средствата требало да ги уплати на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку Договорната пошта, а за што била должна согласно Договор за вработување во Пин Петрол и Договор за извршување работи за наплата на патна такса на Пин Петрол склучен со ЈПДП, информираат од Финансиска полиција.
Од кумановската фирма Пин Петрол тврдат дека Габриела Спасовска Крстевска и кривичниот настан, немале никаква врска со нив. Велат дека имале договор со Македонска пошта и сите одговори требале да се бараат таму.
Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“, стои во демантот на компанијата, велат од Пин Петрол.
Службеничката од Јавното претпријатие за државни патишта, е третоосмничена. Според сомнежите на Финансиска, таа пропуштила контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед и уплатите на државната сметка.
Извор: Alfa