Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа уште во 2005 г. Иако се шпекулираше за нивно евентуално помирување, тоа досега не се случи.

Сепак, таа постојано истакнуваше дека останале во пријателски односи. Но, поради галантноста на Бред Пит на еден од нејзините родендени, многумина тврдат дека тој е „совршен бивш партнер“.

Наводно Бред Пит издвоил околу 80 милиони долари за специјалниот подарок по повод 50-тиот роденден на актерката.

Некогашната импозантна вила на Беверли Хилс, каде што овој актерски пар живееше заедно, била болна точка на Џенифер додека се разведувале, а според медиумите, Џенифер тогаш била разочарана што Бред не ѝ ја купил.

Меѓутоа, желбата ѝ се исполни после долго време, па актерката била пријатно изненадена кога за прославата на својот 50-ти роденден го добила овој екстравагантен подарок на кој не се надевала.

На доделувањето на наградите SAG во 2020 година, интимниот поздрав на актерот со Џенифер Анистон посебно ги подгреа шпекулациите за нивно наводно помирување.

Тој постојано се смешкаше и додека разговараа неколку пати ја држеше за рака. Сликите набргу станаа вирални на социјалните мрежи.