Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија се соочува со сериозни проблеми, коментирајќи го барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за дополнителни финансиски средства наменети за Украина. Неговата реакција дојде по вонредната комуникација што, како што наведе, ја добиле земјите-членки од Брисел.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Орбан посочи дека претседателката на Европската комисија испратила „вонредно писмо“ до државите-членки, со кое се бара обезбедување на дополнителни средства „за финансирање на Украина“.

„Ќе имаме што да кажеме и за тоа“, рече Орбан.

Покрај објавата, објавена е и фотографија на која Орбан се гледа во консултација со шефот на кабинетот Гергел Гуљас, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, министерот за национална економија Мартон Наѓ, политичкиот советник Балаш Орбан и државниот секретар Јан Матео задолжен за програмското биро на премиерот.