Поддржувачите на промената ја нарекоа одлуката „понижувачка“ и „дехуманизирачка“, истакнувајќи дека со таквиот потег Британија се разминала со неколку земји кои признаваат родово неутрални документи.
Кристи Елан-Кејн, која се обидува да добие пасош со ознака „х“ од 1995 година, вели дека ќе го обжали случајот до Европскиот суд за човекови права поради повреда на нејзиното право на приватност.
Пресудата, за која Кристи тврди дека не е изненадување, доаѓа откако САД им се приклучија на голем број други земји во октомври, вклучувајќи ги Индија, Австралија и Исланд, во издавањето на својот прв пасош со родова ознака „х“.
– Во Обединетото Кралство нема правда, рече Елан-Кејн, која за себе вели дека не е ниту маж, ниту жена.
Во пресудата се наведува дека не постои закон со кој се признаваат луѓе без пол, но дека има многу закони кои ги категоризираат луѓето како мажи или жени.
Врховниот суд едногласно ја отфрли жалбата, одлучувајќи дека идентитетот на едно лице може да се потврди со помош на формулар и да се спореди со други официјални документи.
Ова ги вклучува потврдите за раѓање, посвојување или промена на полот, рече судијата Роберт Рид во пресудата.
Судиите се категорични дека недостигот на родово неутрална опција „не ги прекршува прекумерно членовите 8 и 14 од Европската конвенција за човекови права“