Во пост кој говори за потребата од промени во светот во контекст на јакнење на жените и младите кои треба да се сили за промени во светот на британската новинарка и модераторка Шарлоте Кан го коментира настапот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Меѓународниот форум во Астана кој се случи пред десетина дена.

Според Кан претседателката Сиљановска Давкова со небесна метафора во нејзиниот говор ја преформулирала дебатата за управувањето со светот.

Меѓународниот форум Астана започна во бучен стил во главниот град на Казахстан – град кој се издига од степата, отелотворувајќи ја смелоста на земјата вели Кан која ги споменува претседателот на Казахстан Токаев, претседателот Пол Кагаме од Руанда и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун но според неа цитатот на денот и припаѓа на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

 

,,Цитатот на денот, засега, оди до претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, кога беше прашана дали следниот генерален секретар на ОН треба да биде жена и зошто феминизирањето на политиката е од суштинско значење:

„Како што рече Џејмс Браун: Тоа е машки свет. Марс управува со тој свет. Но, на светот му е потребна и Венера“, пишува Кан.

,,Венера… најсјајната, најсјајната ѕвезда на нашето небо.

Во една небесна метафора, таа ја преформулира дебатата за глобалното управување: Марс владееше предолго – со војна, освојување и сила. Венера носи поинаква, но моќна женска енергија: емоционална интелигенција, хармонија со природата, естетска и поетска убавина (мека моќ?), соработка. Силата што не рика, туку зрачи” објавува Кан зошто Сиљановска Давкова ја кажала мислата на денот во Астана.

,,Седејќи на пленарната седница, опкружена со инспиративни жени лидерки како што се Татјана Проскурјакова од Светската банка и Вибке Шлемер IFC – Меѓународна финансиска корпорација, ова гласно одекна во нашата дебата!

 Се чувствувам неверојатно привилегирана што сум тука во Астана за да модерирам и да се вклучам во разговори што се важни – во регион што се наоѓа на раскрсницата на Истокот и Западот, Северот и Југот”, пишува Кан која ги користи следниве хаштази.