На официјалниот Фејсбук-профил на Британската амбасада осамна вест која јасно ја потврдува големината и суштината на историскиот договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Во објавата се наведува дека премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, остварил средба со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на Самитот на Европската политичка заедница, на која го поздравил потпишувањето на новото стратешко партнерство како важен чекор за продлабочување на односите меѓу двете држави.
Во објавата се истакнува дека овој историски договор претставува важно достигнување кое ќе го забрза неповратно економскиот развој на Македонија. Се потврдува и зголемената соработка во областите на трговијата, безбедноста и одбраната, како и заемната посветеност на регионалната стабилност.
Оваа објава на Британската амбасада е уште една официјална потврда дека лагите брзо паѓаат, а вистинските стратешки партнерства остануваат и ја носат Македонија напред.