– Свесноста за климатските промени започнува со индивидуални постапки и секојдневни избори. Затоа одлучивме да направиме промена и да започнеме ваков нов и корисен концепт, објави Османи на неговата Фејсбук страница
Министерот додава дека со Галовеј разговарале за 26-от Климатски самит во Глазгов, како и за имплементацијата на билатералниот Договор за трговија, партнерство и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.
Османи и Галовеј, како што инфомира министерот, разговарале и за актуелните внатрешни состојби во Авганистан, при што Османи се заблагодарил за неодамнешната евакуација на 30-тина наши државјани од Кабул, кои со помош и поддршка на британското МО беа евакуирани кон воздушна база во Обединетото Кралство.