Руските и украинските сили најверојатно ќе се соочат со „променлив“ борбен морал и дезертерство, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана заснован на информации од британското разузнавање, јави германската новинска агенција ДПА.
„Украинските сили веројатно претрпеа дезертирање во последните недели, но рускиот борбен морал е многу веројатно се уште проблематичен“, напиша Министерството на Твитер во својот најнов извештај.
Продолжуваат случаите во кои цели руски единици одбиваат да извршуваат наредби, но и случаи во кои има конфликт меѓу офицерите и нивните војници, додаваат од Министерството.
„Факторите кои придонесуваат за нискиот руски борбен морал вклучуваат лошо раководство, ограничена способност за ротирање на конфликтните единици, многу големи жртви, исцрпеност од борбите, лоша логистика и тешкотии за исплата на платите“, напиша Министерството.
Двете страни „продолжија артилериско гранатирање“ северно, источно и јужно од северен Доњецк во последните денови, со „мали промени на линијата на бојното поле“, се вели во соопштението.