Британското Министерство за одбрана утрово го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање, во кој се занимаваат со ситуацијата во источниот украински град Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат од јули минатата година.
Во извештајот се наведува дека руските сили „многу веројатно влегле во центарот на Бахмут и го окупирале западниот брег на реката Бахмутка“. Претставниците на разузнавањето истакнуваат дека „веројатно е сериозно загрозена клучната украинска рута за снабдување на запад од градот“.
„Веројатно, на локално ниво, членовите на платеничката група Вагнер и командантите на руската регуларна армија привремено ги паузираа конфликтите и ја подобрија соработката“, се вели во извештајот.