Бритни Спирс конечно беше ослободена од рестриктивниот законски договор во петокот попладне од страна на судијка во Лос Анџелес, која пресуди во корист на прекинување на спорното старателство.

-Судот утврди дека конзерватoрскиот надзор над лицето и имотот на Бритни Џин Спирс повеќе не е потребен, пресуди судијката Бренда Пени во петокот попладне.

Набргу по радосната вест, Бритни се огласи на Инстаграм за да ја прослави нејзината победа и да им се заблагодари на своите верни фанови, кои две години претходно го започнаа движењето „Ослободете ја Бритни“ во 2019 година.

-Ги сакам моите фанови толку многу што е лудо, напиша таа, споделувајќи видео од прославата што избувна на улиците пред судницата. „Мислам дека ќе плачам остатокот од денот !!!! Најубавиот ден досега.

Рочиштето на 12 ноември беше кратко и течеше без проблеми бидејќи сите страни беа согласни за прекинот. Поп-ѕвездата не беше присутна на рочиштето.

Адвокатот на пејачката, Метју Розенгарт, прочита дел од сведочењето на неговата клиентка што таа го даде уште во јуни, наведувајќи дека нејзина желба е конзерваторскиот надзор да заврши без евалуација. „Записот е јасен“, рече Розенгарт. „Денес дојде време“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)