Вистинска драма синоќа се одиграла во Крушево откако момче одбило да застане по наредба на полицијата и наместо тоа се дало во бегство.
Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 21 часот и 40 минути во Крушево дваесетидвегодишникот, кој управувал теренско возило „хјундаи тусон“, со скопски регистарски ознаки, одбил да го запре возилото и со голема брзина се дал во бегство. Со ова, велат од полицијата, во опасност ги довел полициските службеници.
Подоцна при приведувањето, лицето и физички ги нападнало полицајците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.